Постојат три начини преку кои можете да направите нарачка.

  1. Нарачка преку online страна

Прво, изберете ги оние производи што сакате да ги купите и додадете ги во вашата кошничка со помош на копчето „ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА“. На десната страна од екранот ќе се појави приказ на состојбата на вашата кошничка од каде што ќе може да ја проверите кошничката, но и да продолжите со потврда на нарачката. Кликнете на копчето НАРАЧАЈ за да се отвори прозорец каде што ќе ги внесете вашите лични информации. Внесете ги потребните информации (име, презиме, адреса, град, телефон за контакт, e-mail) и притиснете го копчето НАРАЧАЈ.

  1. Нарачка преку телефон

Јавете се на мобилниот телефон 070/377-597, наведете ги посакуваните производи на нашиот оператор и дадете ги потребните лични информации за нарачка. Нашите оператори ќе ја направат нарачката за вас.

  1. Нарачка преку Facebook страна (inbox)

Наведете ги посакуваните производи и вашите лични информации во приватна порака на нашата Facebook страна и нашите оператори ќе ја направат нарачката за вас.

Цената на испораката изнесува 118 денари за нарачки под 1000 денари.

За нарачки над 1000 денари, доставата е бесплатна.

Не. Ние сме online продавница која што нема физичка продавница каде што би можеле да го подигнете производот. Вашиот производ ќе биде доставен до вашиот дом (или наведената адреса) во рок од 2 до 3 работни дена.

95% од нарачките се доставуват во рок од 2 до 3 работни дена. Меѓутоа, поради временски непогоди, неработни денови и празници, како и останати фактори кои не зависат од нас, доставата може да биде одложена за 1 до 2 работни дена.

Наплатата се врши во готовина при достава на врата на вашата нарачка. Во моментот не е достапен друг начин на наплата.

Нашата е-продавница секогаш се труди да ги прикаже производите во нивното вистинско светло. Меѓутоа, бидејќи сепак станува збор за online продавница, може да дојде до мала разлика во боја, претстава за големина на производот. 80% од производите се фотографирани во нашето мини-студио.

Постои опција да ја проверите нарачката пред да ја платите. Потребно е да направите нарачка како вообичаено, со тоа што откако ќе ви ја достави курирот вие ќе извршите проверка на производите. Доколку сте задоволни од нарачката, вршите исплата на курирот и ги задржувате производите. Меѓутоа, доколку производите не ги исполнуваат вашите очекувања, тогаш ги враќате на курирот без никакви трошоци од ваша страна.

Најверојатно имате направено некоја грешка…


Најчести грешки кога не се процесираат нарачките се:
1. Во полето за телефон сте поставиле коса црта: /
2. Не сте ги пополниле сите полиња
3. Веќе имате регистрирано профил и сакате да направите нова нарачка со истата е-маил адреса без да сте логирани.

Секако! Доколку не сте задоволни од вашиот производ можете да го вратите или замените во рок од 30 дена. Едноставно оставете приватна порака на нашата Facebook страна во која што ќе наведете која е причината за враќање/замена на производот, а ние ќе ви направиме замена на производот или ќе вратиме 100% од вашите пари.